
Националните придонеси кон климатските промени на Република Македонија се засновани на сеопфатна аналитичка работа и развој на различни
сценарија во рамките на Третиот национален план
и Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени:
Република Македонија има намера да го даде следниот придонес во глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови:
Да се намалат емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива за 30%, односно за 36% при повисоко ниво на амбиција, до 2030 година во однос на референтното сценарио. Емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива покриваат речиси 80% од вкупните емисии на стакленички гасови со доминантно учество на секторите снабдување со енергија, згради и транспорт.
Да го погледнеме одблизу патувањето кон Париз