Настани


Тековни активности за климатски промени и следни чекори за Патот кон Париз 2015


Резултатите од Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени и планираните активности во однос на можниот придонес на државата кон Конференцијата за климатски промени во 2015г. беа презентирани за прв пат пред Националниот комитет за климатски промени.


Работилницата беше спроведена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обедиинетите Нации (УНДП) и Германското друштво за интернационална соработка.


Павлина Здравева, (раководител на проект) ги презентираше наодите од Првиот двогодишен ревидиран изветај за климатски промени за секторите енергетски трансформации, транспорт, индустрија, земјоделство, шумарство и отпад, а Наташа Марковска (МАНУ) ги претстави сценаријата за ублажување на климатските промени во согласност со политиките на Конвенцијата за климатски промени и на ЕУ пакетот за клима и енергија. На оваа работилница се говореше и за Патот кон Париз 2015 – поддршка во определувањето на националниот придонес кон намалувањето на емисиите на стакленички гасови на светско ниво.

Членови на Националниот Комитет за климатски промени (претставници од сите релевантни институции) на оваа работилница имаамжност да го усвојат Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени. Учесниците дискутираа за наодите од извештајот и сценаријата како и за можните идни активности на национално ниво со цел ублажување на климатските промени и Патот кон Париз 2015. Преку дискусија и интерактивна работа, учесниците на работилницата се согласија дека оваа проблематика има потреба од поголема соработка меѓу институциите и добар консултативен процес низ кој треба да се помине.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен