Настани


Одржана работилница на тема: Родов аспект на климатските промени


Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), континуирано работат на подготовка на стратешки документи т.н. Национални планови и Двогодишни ажурирани извештаи за климатски промени, со кои се зголемува подготвеноста на нашата држава да се справи со предизвиците од климатските промени.

Во тек е подготовката на Првиот ажуриран извештај за климатски промени, во рамките на кој за прв пат во нашата држава, но и во регионот, се направи анализа за воведување на родовиот апект во проблематиката поврзана со климатските промени. Денес на филозовскиот факултет во соработка со Институтот за родови студии беше организирана работилница на која за прв пат беа презентирани анализи кои го земаат во предвид родовиот пристап во националната политика за климатски промени. На работилницата беше презентирана анализата, конретните препораки, но и акцискиот план за воведување на родов пристап во националната политика за климатски промени. Акцискиот план кој опфаќа активности во следниве области: енергетика и транспорт, земјоделие, управување со кризи, здравство, туризам, донесување на одлуки и комуникации. Акцискиот план ги мапира чинителите, временската рамка како и финансиските средства потребни за негово спроведување. Преку дискусија и интерактивна работа, учесниците на работилницата го финализираа акцискиот план и истакнаа дека адекватното знаење е клучно за државата да може успешно да го земе во предвид родовиот аспект на климатските промени. Работата на оваа проблематика тукушто почнува, бидејќи имплементацијата на предложените мерки од акцискиот план бара, од една страна широк консензус и силна меѓусекторска и меѓуинституционална соработка, но и задржување на вниманието на медиумите и на јавноста за причините и влијанието на климатските промени на родовиот аспект. Само со препознавање на потребите од вклучување на родовиот аспект во климатските промени и силно развиено чувство за одговорност при креирање на политики и донесување на одлуки, на индивидуално, локално и национално ниво, ќе му дадеме живот на овој документ и ќе ги препознаеме новите можности што тој ги нуди.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен