Новости и соопштенија


ПРОМОВИРАНА ПРВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ НА ГРАД СКОПЈЕ


Градот Скопје денеска и официјално ја промовираше првата Стратегија за климатски промени на Градот, која е изработена од експерти и граѓани, а со техничка и финансиска поддршка на Програмта за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Овој значаен документ со наслов „Отпорно Скопје“  содржи сеопфатни анализи, препораки и мерки што би требало да се спроведат во наредните пет години за успешно справување со климатските промени и јакнење на урбаната отпорност.

- Промената на климата е глобален проблем, но последиците се чувствуваат онаму каде што се и причините за нив, на регионално и локално ниво. Современите градови кои забрзано растат и се развиваат и се дом на повеќе од 60% од светското население особено ќе ги почувствуваат последиците од екстремните временски непогоди кои негативно ќе влијаат врз животот во урбаните средини, ќе предизвикуваат несогледлива материјална штета и загуба на човечки животи. Доколку реакциите на климатските промени не бидат навремени и системски планирани, трошоците за мерките за адаптација ќе бидат далеку повисоки. Имајќи го ова предвид, Градот Скопје се ангажираше да изработи Студија за климатски промени – Отпорно Скопје, која денеска ја промовираме пред јавноста со особено задоволство. Стратегијата е подготвена со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Стратегијата содржи сеопфатни анализи, препораки и акции за подобро справување со климатските промени, за нивно намалување и адаптирање, како и за јакнење на урбаната отпорност. Во Стратегијата се опфатени акциите за намалување на причините за климатските промени, базирани на изработениот Инвентар на стакленички гасови за 2008 и за 2012 година, пресметани за трите главни сектори: снабдување со енергија, згради и транспорт. Притоа, земени се предвид веќе преземените активности од Градот Скопје во различни области: енергетската ефикасност, јавниот транспорт, подобрувањето на условите за одвивање на сообраќајот, развивањето на алтернативниот сообраќај, заштитата на воздухот и на водите, комуналните услуги, јавното зеленило, заштитата на здравјето на луѓето, помошта за ранливите групи и лицата со посебни потреби и др. Акцискиот план на Стратегијата предвидува голем број активности во сите области, при што, највисок приоритет имаат превенцијата и заштитата од поплави и зелената инфраструктура. Висок приоритет е даден на: Воспоставување и унапредување на системот за предупредување; информирање и подигање на свеста, како и други институционални и организациски мерки, Урбанистичко планирање заради заштита од поплави, Заштеда на чиста вода за пиење, реупотреба, одведување на отпадни и атмосферски води, Формирање и рехабилитација на јавните зелени простори – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Во таа насока, нагласи Трајановски, посебно важен документ за Градот Скопје е изработката на Зелениот катастар, којашто е во тек.

- Целта е воспоставување сеопфатен информациски систем за зелените површини во Скопје и регулирање и управување со севкупниот систем на зелените површини на градот. Зелениот катастар ќе биде жив, интерактивен документ, во прилог на подобрување на активностите на ЈП „Паркови и зеленило“ и на транспарентност и достапност на податоците и увид во состојбите за граѓаните. Имплементацијата на предвидените мерки за успешно справување со климатските промени бара организирана акција на Градот Скопје и скопските општини, но и на ресорните министерства, стручните институции и организации, како и на сите граѓани на Скопје. Во моменти кога се зборува за климатските промени и за предизвиците што се исправаат пред нас, ќе го цитирам Ричард Давсон, авторитет во оваа сфера, кој парафразирајќи го Чарлс Дарвин, вели: „Нема да опстанат најсилните градови, туку оние што најдобро ќе се приспособат на промените”. Оттука, вербата дека Скопје ќе биде дел од тие градови ја засилува и ја прави основана, оваа Стратегија за климатски промени – истакна градоначалникот Коце Трајановски.

- Многу е битно да се направи вистинскиот избор. Секоја година температурите стануваат се повисоки, а екстремните природни непогоди се се позачестени, јасно е дека итно треба да се засилат напорите за справување со климатските промени и подготовка за нивните последици. Скопје презема водечка улога на ова поле и ние го охрабруваме и градот и граѓаните да ги спроведат мерките коишто се предложени во новата стратегија – рече денеска Луиза Винтон, од УНДП.

Со оваа стратегија за прв пат се проценува потенцијалот за намалување на емисиите на стакленички гасови во градот и ранливоста на клучните сектори кон климатските промени – како што се: водите, здравјето и намалувањето на ризикот од катастрофи.

Според податоците во стратегијата, доколку не се преземе ништо во наредните години, емисиите на стакленички гасови ќе се зголемат за 25% во 2020 година. Но, доколку се имплементираат мерките кои се веќе планирани во стратешките документи и развојни планови на општините и на Градот Скопје, емисиите можат да се намалат за 22%. Според Павлина Здравева, раководител на проектот за климатски промени во УНДП, ако преземеме само 13 од 21 предвидена мерка тогаш можеме да постигнеме намалување на емисиите на стакленички гасови за 22 отсто во 2020 година, а ако бидеме малку поамбициозни тие намалувања можат да достигнат и до 32 отсто. 

-Конкретни мерки кои имаат најголем потенцијал за намалување на стакленичките гасови се: обнова на возниот парк, примена на стимулативни мерки за исталирање на фотоволтаични покриви на зградите, употреба на поефикасни апарати за согопрување на гориво и слично, нагласи Здравева. 

Раководителот на проектот за зголемување на урбана отпорност во Град Скопје Васко Поповски потенцираше дека „Отпорно Скопје“ е прв сеопфатен стратешки документ кој опфаќа делови од ублажување и адапштирање од климатски промени. 

- Прв пат е земен и делот на туризам. Она што може да очекуваме е дека со зголемување на температурите и продолжување на топлотните брановиможе да дојде до намалување на туристичката сезона во Градот. Поради врнежите, нивниот интензитет и мразовите може да настанат последици за културно-историското наследство, рече Поповски. 


На денешната промоција беше доделен и велосипед на расклопување на Зорица Бојаџиева, за нејзината идеја којашто победи на конкурсот за граѓаните „Како да се помине еден зелен ден во Скопје“, според која е снимено и видео





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен