Новости и соопштенија


ПРЕЗЕНТИРАН НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БАЗА НА ЕМИСИИ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ


(15.02.2017) Денеска во просториите на МАНУ беше презентиран нацрт извештај за националните емисии на стакленички гасови, подготвен во рамките на проектот “Втор двогодишен извештај за климатски промени”.

Извештајот е изработен врз основа на анализите на ажурираната база на емисии на стакленички гасови (инвентар), која сега содржи опсежни информации за периодот 1990-2014 година, одредени со Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени:

  • шест стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFC, PFC, и SF6)
  • четири стакленички гасови со индиректно влијание (CO, NOx, NMVOC и SO2)
  • пет категории (енергетика; индустриски процеси; земјоделство, шумарство и промена на користење на земјиштето; отпад; прекурсори и индиректни емисии)
  • и околу 60 подкатегории на податоци.

 

Покрај тоа што податоците од инвентарот и анализите од извештајот ќе овозможат државата да известува согласно обврските кон Конвенцијата за климатски промени и барањата од Европската заедница, ќе овозможат и стекнување на појасна претстава за реалните можности за економски напредок на државата проследен со нискo-јаглеродни емисии.

Главна карактеристика на овој документ што е изработен со методологија за која што се задолжени развиените држави е што овозможува споредливост на добиените податоци со сите држави во светот.

 

За извршените анализи во најголем дел се користат официјални национални податоци (главно преземени од Заводот за статистика на Република Македонија) и во мал дел експертски проценки, што е потврда за веродостојноста и точноста на добиените резултати како и воспоставување на системски и одржлив систем за собирање на потребните податоци за емисии на стакленички гасови.

 

Во рамките на работилницата, се дискутираа резултатите и препораките за подобрување на нацрт извештајот по сите застапени сектори, со цел да се воспостават одржливи начини за собирање на податоци кои ќе овозможат подетален инвентар.Имено,  колку е подобра основата (инвентарот) – толку се подобри и реултатите (ниско-јаглеродна економски развиена држава).

 

Проекот се реализира како резултат од соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање, Програмата за развој на ОН (УНДП) и Гобалниот еколошки фонд(ГЕФ). 





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен