Новости и соопштенија


Паметна иднина за јавниот транспорт во Скопје


За да се реши големиот проблем со загадувањето во главниот град Скопје, потребно е повеќе луѓе да користат јавен транспорт. За да се натераат луѓето кои секојдневно одат на своите работни места повеќе да користат автобуси а не автомобили, УНДП во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој и главниот превозник во градот ЈСП, организираше натпревар за пронаоѓање интелигентни решенија за подобрување на автобускиот систем, меѓу кои и автобуски „хакатон“ и дизајн за „паметна автобуска постојка“.

Победникот за скопскиот автобуски хакатон е проектот со наслов Лојал Грин, дизајниран од тимот Inellipse.com. Ова решение користи иновативен софтвер за да се оптимизира бројот на патници на неколку најчесто користени градски автобуски рути преку наградување на патниците кои ќе решат да не се качат во преполн автобус. Мобилната апликација им овозможува на патниците подобро да ги планираат сопствените рути со тоа што ќе можат да видат кога треба да дојде следниот автобус и колку поени освоиле бидејќи го чекале следниот автобус. Овие поени можат да се искористат за попусти и автобуски билети.

Покрај подобрувањето во употребата на автобуските услуги, тимот Inellipse.com во решението за Лојал Грин исто така интегрираше и решение за карпулинг (користење на еден автомобил од повеќе лица). Со користењето на овој „социјален автомобил“ патниците ќе се поттикнат да ги делат автомобилите со цел да се намали бројот на возила и загадувањето во градот.

Тимот Урбан Лаб1 победи во натпреварот за најдобар Проект за автобуска постојка со оригинален предлог за воведување на паметни автобуски постојки во главниот град. Нивната идеја е да се претворат сегашните автобуски постојки во пријатни места со подобрени интерактивни информативни услуги, како на пример информации за рутата, време на пристигање и сервисни известувања.

„Планиравме на овие паметни автобуски постојки да има излези за полнење мобилни телефони, безжичен пристап до интернет и зелени ѕидови за намалување на загадувањето на улиците на кои има најмногу сообраќај“, објаснува Мила Рориќ, од тимот на Урбан Лаб 1. На новите автобуски постојки ќе се постави интерактивен екран на допир, кој ќе овозможи директна интеракција со системот за јавен транспорт преку кој патниците ќе добиваат совети за најповолните рути за нивните потреби.

Проектот за автобуските постојки и скопскиот автобуски хакатон се дел од тековните напори на УНДП да го поддржи Градот Скопје при воведување иновации во јавниот сектор. Тие се одлични примери за иницијативи чија цел е вклучување на јавноста во одлучувањето за сопствената урбана средина.

УНДП и Градот Скопје во моментов поставуваат Лабораторија за иновации во Градот Скопје. Лабораторијата ќе се користи како експериментален и иновативен простор каде граѓаните и градските службеници заеднички ќе дизајнираат, ќе изработуваат прототипови и ќе тестираат јавни услуги и производи со цел да му помогнат на Скопје да ја подобри сопствената одржливост и урбаната отпорност.

текстот е преземан од веб страницата на УНДП
http://www.mk.undp.org/content/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/en/home/presscenter/articles/2016/12/07/a-smart-future-for-public-transport-in-skopje.html





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен