Новости и соопштенија


ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИДЕЈА ЗА ДНЕВНА РУТА: Како да поминеме еден поинаков -“зелен“ ден во Скопје?


Град Скопје Ве поканува да ги пријавите вашите идеи за Дневна рута на тема: Како да поминеме еден поинаков -“зелен“ ден во Скопје? организиран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Минитерството за животна средина и просторно планирање. Повикот се реализира како мерка за ублажување на климатските промени во рамки на стратегијата “Отпорно Скопје“, Стратегија на Град Скопје за климатски промени и урбана отпорност.

Предложените рути треба бидат наменети за туристички и рекреативни активности за граѓаните и посетителите на Скопје како нова туристичка понуда, со нови содржини, места до кои ќе се патува со користење и комбинирање на различни видови транспорт (пеш, велосипед, јавен превоз, електрични или хибридни возила), без користење на бензинско или дизел возило. Предлозите треба да ги вклучат можностите за развој на еко-туризмот во градот и околината, како на пример: разгледување на Старата чаршија со електромобили, користење на автобуски превоз до новата туристичка дестинација Македонско село во с. Нерези, ноќна велосипедска тура, редовна тура за разгледување на Скопје итн.
Предлозите треба да бидат дополнети со креативни идеи за паузи за освежување и оброци, понудени од правни субјекти (ресторани или кафе барови) кои ги подготвуваат на начин кој помалку ја загадува околината или емитува помалку стакленички гасови кои допринесуваат кон климатските промени или користат органски произведени продукти.

Рокот за пријавување на вашите идеи е до недела, 6 ноември 2016. Пријавите се доставуваат на емаил адресата:infoekologija@skopje.gov.mk.

Начин на пријавување
Сите заинтересирани лица кои сакаат да учествуваат на натпреварот треба да достават електронска пријава за учество на натпреварот најдоцна до 6 ноември 2016 година. Пријавата треба да содржи еден параграф опис (не повеќе од 100 збора) и табела со дневен распоред според примерот на крајот од документот (ова пример рута е дадена само за појаснување и доколку се копира со повеќе од две содржини, ќе биде оценета како копија и нема да биде разгледувана и оценета).

Награда
Победничката рута ќе биде објавена на 13 ноември. Најиновативната идеја ќе биде наградена со исто толку иновативна награда – велосипед на расклопување кој совршено се вклопува во градскиот живот. Најдобро оценетата рута ќе биде промовирана пред туристичките оператори и ќе земе место на редовната туристичка понуда за посетителите и граѓаните на Скопје.

Критериуми за учество на натпреварот:
На овој повик можат да се пријават сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Лица не помлади од 18 години,
  • Правни субјекти (на пример: ресторани, такси компании или компании што вршат автобуски превоз, туристички оператори, винарии, занаетчиски дуќани, други правни субјекти) кои имаат дејности кои се интересни за посета од граѓаните или туристите, а кои можат да пренесат позитивна порака и до кои може да се стигне со користење на алтернативен превоз, без користење на сопствено возило.

** На натпреварот не може да учествуваат лица од Град Скопје (како организатори) и вработените од УНДП и Министерството кои имаат конфликт на интереси со членовите на комисијата


Напомена: Сите заинтересирани лица/правни субјекти кои имаат рута која не може да исполни цел ден, но имаат минимум две содржини, можат да аплицираат. Ќе бидат споени со други слични предлози и целосната дневна рута потоа ќе биде доставена до апликантите за обезбедување согласност, и штом ќе бидат одобрени, ќе бидат доставени до комисијата за оценување. За таа цел, се препорачува таквите идеи да се достават барем неколку дена пред крајниот рок, за да има доволно време да се оценат, спојат со другите соодветни предлози и да се обезбеди согласноста за учество во рамки на расположливите термини. 
 
 





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен