Новости и соопштенија


Меѓународен фото-конкурс за климатски промени и озонска обвивка


Драги пријатели на фотографирањето, Би сакале да Ве поканиме да земете учество во Меѓународниот фотоконкурс и да испратите фотографии поврзани со: “Климатски промени во моите очи” “Озонската обвивка и јас” Апликацијата треба да биде поднесена најкасно до 15ти август, 2017, 18:00 часот (Ташкент, GMT+5) на info@envcontest.uz. За детални информации, Ве молиме посетете ја веб-страната на Меѓународниот фотоконкурс: http://www.envcontest.uz ----------------------------------------

Цел
 
Меѓународниот фото-конкурс е организиран за да се подигне јавната свест за прашањата околу климатските промени и заштитата на озонската обвивка и да се промовира внимателен став кон животната средина во целиот свет.

 

Учесници

 

Меѓународниот фотоконкурс е отворен за сите професионални и аматерски фотографи низ целиот свет. Учеството на жените и младите посебно се охрабрува.

 

Категории

 

Меѓународниот фотоконкурс се одржува во 2 категории:

  1. “Климатски промени во моите очи”
  2. “Озонската обвивка и јас”

 

Правила

 

Секој учесник може да испрати само 1 фотографија за секоја категорија.

 

Фотографиите во категоријата Климатски промени во моите очи може да:

  •        Покажуваат/ги оцртуваат знаците на климатските промени,
  • Прикажуваат мерки за адаптација на климатските промени,
  •             Наведуваат мерки насочени кон ублажување на климатските промени, итн.
 


Фотографиите во категоријата Озонската обвивка и јас може да:

  •           Покажуваат влијание на озонската обвивка врз животот во светот,
  •           Демонстрираат мерки насочени кон заштита на озонската обвивка, итн.


 Креативен пристап во откривањето на темите во секоја од овие категории е добредојден.

Секоја фотографија мора да биде придружена со прописно пополнет формулар за апликација на англиски јазик и да ги исполни барањата поставени во деловите "Барања за фотографии" и "Други барања" од формуларот за апликација. Формуларот за аплицирање може да се симне од веб-страницата на Меѓународниот фотоконкурс
http://www.envcontest.uz.

 

Награди и сертификати

 

Ќе има 6 победници на Меѓународниот фотоконкурс, кои ќе добијат награди од страна на организаторите.

Награди за првата категорија - "Климатски промени во моите очи":

  1. Прво место - фотоапарат;
  2. Второ место - таблет компјутер;
  3. Трето место - мобилен телефон.

 


Награди за втората категорија - "Озонската обвивка и јас":
  1. Прво место - фотоапарат;
  2. Второ место - таблет компјутер;
  3. Трето место - мобилен телефон. 

Дополнително, еден победник во специјалната номинација "Жените и озонската обвивка" ќе добие награда подготвена од Истанбулскиот регионален центар на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
  
Авторите на 20-те најдобри фотографии ќе добијат сертификати од страна на организаторите.

 

 

Клучни датуми

 

јули 10 

Официјално отворање на Меѓународниот фотоконкурс

јули 10 – август 15 

Поднесување фотографии и апликации

 

август 15, 

Пред-избор на фотографии, ако вкупниот број на фотографии добиени надминува 100. 

август 15 - август 25

Онлајн гласање за претходно избрани 100 фотографии, на http://www.envcontest.uz и идентификација на најдобрите 20 фотографии.

август 25, 

Избор на победниците на Меѓународниот фотоконкурс од страна на жирито.

септември 11

Изложба на фотографии во Ташкент и најава на победниците на Меѓународниот фотоконкурс.

јули 10

Официјално отворање на Меѓународниот фотоконкурс

јули 10 – август 15

Поднесување фотографии и апликации

 

август 15

Пред-избор на фотографии, ако вкупниот број на фотографии добиени надминува 100. 

август 15 - август 25

Онлајн гласање за претходно избрани 100 фотографии, на http://www.envcontest.uz и идентификација на најдобрите 20 фотографии.

август 25

Избор на победниците на Меѓународниот фотоконкурс од страна на жирито.

септември 11

Изложба на фотографии во Ташкент и најава на победниците на Меѓународниот фотоконкурс.






Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен