Новости и соопштенија


Македонија ќе го ратификува Договорот од Париз за климатски промени


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека Владата на Република Македонија, на предлог на МЖСПП, на својата седница која се одржа на 25 јули 2017 г., ја усвои Информацијата за ратификација на Договорот од Париз за климатски промени.

Владата на РМ го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да го достави текстот на Договорот до Министерството за надворешни работи за спроведување на постапката за ратификација на Договорот во Собранието на РМ.

Со овој чин, се потврди заложбата за приклучување кон светските напори за борба против климатските промени преку спроведување на активности за намалување на емисиите на стакленичките гасови со цел не надминување на глобалните температури значително под 2о С до крајот на векот и обезбедување пониско јаглероден раст и развој.

Исто така, со идното ратификување на Договорот ќе може да се користи и меѓународна помош за поддршка на адаптацијата на најранливите сектори кон климатските промени (водни ресурси, земјоделие, шуми, биодиверзитет, културно наследство, туризам) итн.

Како додадена вредност е важноста која овој Договор ја има за Европската Унија која е лидер на глобално ниво во борбата против климатските промени, но и како алатка која ќе помогне на државата за одговор на идните обврски кои произлегуваат од Енергеткста заедница во областа клима.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен