Новости и соопштенија


Избран победникот на натпреварот за борба против климатските промени


Ре-Бот, паметна машина за рециклирање на тврд отпад го освои првото место на натпреварот за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност. Тимот кој ја смислил Ре-Бот е составен од Тамара Димитрова, Борко Јовановски и Стојан Димитровски. Идејата вклучува и игра во која натпреварувачите добиваат поени и награди при активно рециклирање на отпад како пластика и лименки. Тимот на Ре-Бот како награда доби 10000 американски долари. Втората награда ја освои идејата за употреба на зеолити во борбата со емисиите на штетни гасови, а трет е концептот за еко билборди за прочистување на воздухот.

Ре-Бот, паметна машина за рециклирање на тврд отпад го освои првото место на натпреварот за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност.

Тимот кој ја смислил Ре-Бот е составен од Тамара Димитрова, Борко Јовановски и Стојан Димитровски. Идејата вклучува и игра во која натпреварувачите добиваат поени и награди при активно рециклирање на отпад како пластика и лименки. Тимот на Ре-Бот како награда доби 10000 американски долари.

Втората награда ја освои идејата за употреба на зеолити во борбата со емисиите на штетни гасови, а трет е концептот за еко билборди за прочистување на воздухот.

На натпреварот пристигнале повеќе од 60 идеи, од кои девет најдобри се најдоа во потесниот избор и учествуваа во климатскиот камп. Во текот на изминатиот викенд, со тимовите работеле ментори од областа на науката, маркетингот и бизнисот, кои им понудија поддршка во развојот на нивните идеи.

Освен трите наградени идеи, меѓу деветте најдобри се најдоа и идеите за герила постојки за велосипеди, мотори и автомобили што работат на компресиран воздух, паметен енегетски чадор, It’s Air O’clock, Мое дрво и детектор за богатство за редуцирање на цврст отпад.

Специјален гостин на кампот беше и Матеј Павлески, 13-годишно момче кое работи на неговата идеја за дронови за општо добро.

Наградите се обезбедени од УНДП и УСАИД во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и ФИНКИ. Конкурсот беше отворен во април, а има за цел да ги искористи талентите на граѓаните како поддршка во остварување на Глобалните цели за одржлив развој, поврзани со климатските промени.





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен