Новости и соопштенија


МАКЕДОНИЈА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: ПРОМЕНИТЕ СЕ НЕМИНОВНИ


Денеска, во Париз започна историската Конференција за климатски промени во која се испишува сценариото на иднината на нашата планета. Никогаш порано немало толку високи претставници од многу држави бидејќи во залог е нашиот опстанок на планетaта. Лидерите од сите држави ја истакнаа потребата да се потпише глобален договор за намалување на емисиите на стакленички гасови, кој ќе биде важечки за сите држави – бидејќи ниедна земја ниту регион нема да бидат поштедени од ефектите на климатските промени.

Република Македонија успешно ги остварува своите заложби во однос на климатските промени веќе петнаесет години. Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Програмата за развој на ОН (UNDP), преку низа  активности и анализи дава конкретни предлози и мерки не само како да се намалат емисиите на стакленички гасови, туку и како полесно да се адаптираме на неминовните промени кои веќе се случуваат.
Како мала држава, нашите емисии на стакленички гасови на светско ниво се многу мали. Сепак, нашата свест дека промените се неминовни, дека нема враќање назад, туку дека треба уште побрзо да одиме напред не направи лидери во оваа област во регионот. Подготвивме пет стратешки документи за климатски промени, меѓу кои и  документот кој сите држави на светот требаше да го подготват пред Париз – Национални придонеси кон климатските промени (INDC). 
Република Македонија, согласно одлука на Влада, има  намера да го даде следниот придонес во глобалните напори за смалување на емисиите на стакленички гасови: 
 
ЗОШТО Е ВАЖНА ОВАА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?
Република Македонија е потписничка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и го има ратификувано Протоколот од Кјото. Во согласност со сегашната светска политика за климатски промени, само развиените држави имаат обрвска да ги намалат емисите на стакленички гасови, додека државите во развој намаат таква обврска. Меѓутоа, во држави во развој спаѓаат и  Индија и Кина, кои емитуваат многу големи количества на стакленички гасови, а од друга страна неколку големи развиени држави не се согласуваат да ги намалат своите емисии, па така, остварувањето на глобалната цел за стабилизирање на концентрациите на стакленички гасови во атмосферата на ниво кое би спречило пораст на глобалното затоплување за повеќе од 2°С стана недостижно.
Преговарачкиот процес во Париз се води за постигнување на глобален договор на Конференцијата на Страните, според кој сите Страни ќе дадат свој придонес, поставен на фер и рамноправни основи согласно можностите и спецификите на секоја земја. Тоа значи дека и Република Македонија ќе има обврска да ги намали своите емисии. 
А во која мера е тоа можно, покажува Националниот придонеси кон климатските промени (INDC) кој  е конципиран околу три сектори со најголем потенцијал а релевантните институции и засегнати страни беа активно вклучени во секој чекор од процесот.

Со комбинирање на животната средина со економскиот и социјалниот аспект се направи еден чекор понатаму и се покажа дека повеќе од половина од планираното намалување на емисиите во земјата може да се постигне со мали инвестиции. Освен тоа, политиките и мерките со кои се ублажуваат климатските промени често имаат позитивен дополнителни придобивки, меѓу кои и зголемување на вработеноста. Се покажа дека овие дополнителни придобивки нудат големи можности: преку имплементација на мерки за енергетска ефикасност во згради и нискојаглеродно снабдување со енергија (обновливи извори и гас) - 6000 зелени работни места можат да бидат создадени од 2030 година. 
Врзани заедно со оптимизам и храброст да се обидеме да создадеме нешто разбирливо за секој граѓанин, го презентиравме македонскиот INDC во вид на динамичен инфографик кој ја следи молекуларната структура на јаглеродниот диоксид.  
 

Република Македонија успешно ги остварува своите заложби во однос на климатските промени веќе петнаесет години. Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Програмата за развој на ОН (UNDP), преку низа  активности и анализи дава конкретни предлози и мерки не само како да се намалат емисиите на стакленички гасови, туку и како полесно да се адаптираме на неминовните промени кои веќе се случуваат.

Како мала држава, нашите емисии на стакленички гасови на светско ниво се многу мали. Сепак, нашата свест дека промените се неминовни, дека нема враќање назад, туку дека треба уште побрзо да одиме напред не направи лидери во оваа област во регионот. Подготвивме пет стратешки документи за климатски промени, меѓу кои и  документот кој сите држави на светот требаше да го подготват пред Париз – Национални придонеси кон климатските промени (INDC).

Република Македонија, согласно одлука на Влада, има  намера да го даде следниот придонес во глобалните напори за смалување на емисиите на стакленички гасови: 




ЗОШТО Е ВАЖНА ОВАА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

Република Македонија е потписничка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и го има ратификувано Протоколот од Кјото. Во согласност со сегашната светска политика за климатски промени, само развиените држави имаат обрвска да ги намалат емисите на стакленички гасови, додека државите во развој намаат таква обврска. Меѓутоа, во држави во развој спаѓаат и  Индија и Кина, кои емитуваат многу големи количества на стакленички гасови, а од друга страна неколку големи развиени држави не се согласуваат да ги намалат своите емисии, па така, остварувањето на глобалната цел за стабилизирање на концентрациите на стакленички гасови во атмосферата на ниво кое би спречило пораст на глобалното затоплување за повеќе од 2°С стана недостижно.

Преговарачкиот процес во Париз се води за постигнување на глобален договор на Конференцијата на Страните, според кој сите Страни ќе дадат свој придонес, поставен на фер и рамноправни 

основи согласно можностите и спецификите на секоја земја. Тоа значи дека и Република Македонија ќе има обврска да ги намали своите емисии. А во која мера е тоа можно, покажува Националниот придонеси кон климатските промени (INDC) кој  е конципиран околу три сектори со најголем потенцијал а релевантните институции и засегнати страни беа активно вклучени во секој чекор од процесот.

Со комбинирање на животната средина со економскиот и социјалниот аспект се направи еден чекор понатаму и се покажа дека повеќе од половина од планираното намалување на емисиите во земјата може да се постигне со мали инвестиции. Освен тоа, политиките и мерките со кои се ублажуваат климатските промени често имаат позитивен дополнителни придобивки, меѓу кои и зголемување на вработеноста. Се покажа дека овие дополнителни придобивки нудат големи можности: преку имплементација на мерки за енергетска ефикасност во згради и нискојаглеродно снабдување со енергија (обновливи извори и гас) - 6000 зелени работни места можат да бидат создадени од 2030 година. 


Врзани заедно со оптимизам и храброст да се обидеме да создадеме нешто разбирливо за секој граѓанин, го презентиравме македонскиот INDC во вид на динамичен инфографик кој ја следи молекуларната структура на јаглеродниот диоксид.  

За претседателот на Републиката, тука, во Париз треба конечно да се затвори кругот на одговорност. Но, за да го направиме тоа неопходна е подлабока промена:
- Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство, изјави во својот говор Иванов на конференцијата.







Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен