Новости и соопштенија


Доделени наградите за најдобрите фотографии од фото-конкурсот #Делувај Сега и најдобрите стории од натпреварот за медиуми Борба против климатските промени


20.11.2015) Денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер и постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон свечено ги доделија наградите на 20-те најдобри од првиот фото конкурс за климатски промени во државата, #Делувај Сега како и за двајца новинари за сторија на тема „Борба против климатските промени“.

Велосипеди и фото-камери беа доделени на две најдобри фотографии во секоја од десетте категории. Победниците беа селектирани врз база на лајкови на Фејсбук (50%) и врз база на гласови на интернационално жири (50%).


Фото-конкурсот #ДелувајСега беше повик до сите граѓани, активисти, вљубеници во природата и подржувачи на борбата за чиста животна средина, да ги искористат своите фотографски вештини за да ги фотографираат ефектите на климатските промени во било која од понудените десет категории: Климатските промени и водата, Климатските промени и здравството, Климатските промени и туризмот, Климатските промени и транспортот, Климатските промени и културното наследство, Климатските промени и шумите, Климатските промени и земјоделството, Климатските промени и природните катастрофи, Климатските промени и биодиверзитетот и Климатските промени и обновливите извори на енергија. 

Овој фото конкурс беше организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.

https://www.facebook.com/deluvajsega 

Во конкурсот за медиуми на тема Борба против климатските промени се конкурираше во две категории- телевизии и печатени и електронски медиуми. Интернационално жири одбра по една најдобра новинарска сторија публикувана во периодот од 1 јануари  до 31 октомври 2015г. во двете категории, за што на победниците Француската амбасада ќе им обезбеди студски престој во Франција.         





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:
Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен