Новости и соопштенија


Одржан панелот „Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и COP 21“


Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и оперативниот шеф од делегацијата на ЕУ Мартин Клауке, го отворија дискусиониот панел на тема „Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и COP 21“ кој, денеска, се одржа во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Целта на панелот беше да отвори дискусија за активностите што Македонија ги презема пред претстојната конференција за климатски промени што во декември ќе се одржи во Париз.

Министерот Изаири во своето обраќање порача дека сите земји треба да се движат кон пониско-јаглероден развој, со цел да се постигне глобално утврдената цел за зголемување на температурата под 2°C до крајот на векот,

- Ние сме посветени на усвојување на меѓународен обврзувачки договор кој ќе биде применлив за сите земји. Договорот 2015 мора да биде амбициозен, правно да обврзува, да е мултилатерален, да се заснова на правилата за глобално учество и да се заснова на информации од науката.  Договорот 2015 исто така треба целосно да ги почитува принципите на Конвенцијата – изјави тој.

Исто така, Изаири додаде и дека, во склоп на подготовките за претстојната Конференција за климатски промени, која во декември ќе се одржи во Париз, Р. Македонија го има усвоено својот т.н национален придонес за климатски промени, како 23-та држава во светот.

На настанот беа презентирани процесот на прибирање на податоци и нивно внесување во Енергетскиот модел наречен 2050 Калкулатор, како и најдобрите сценарија со кои Македонија ќе стигне до 78% намалување на емисиите до 2050 година.

Во вториот дел од настанот се беше отворена панел дискусија на тема „Енергетско моделирање во рамките на климатските промени и  COP 21.

Конференцијата е во организација на Тинк Тенкот Аналитика, Еко-Свест и Фронт 21/42. 





Loading








Најмногу стакленички гасови се емитуваат при производство на кој од наведените пијалоци во нашата држава:


Испрати


Пораки

Очекуваме сета досегашна декларативност да биде преточена во конкретни мерки за акција. Очекуваме, краткорочните, да ги замениме со долгорочни решенија. Културата на расфрлање да ја замениме со култура на одржливост. Себичните интереси да ги замениме со интересите на човештвото. Површната реторика да ја замениме со конкретни дела. И тоа не заради нас, туку заради нашето потомство

Д-р Ѓорге Иванов, . претседател на Република Македонија

Со оваа комуникација во рака, земјата е целосно подготвена за самитот во Париз

Алесандро Фракасети, заменик на постојниот претставник на УНДП

Пред нас стои предизвикот на имплементацијата на предложените мерки од Планот

Стево Темелковски, зам. министер за животна средина и просторно планирање

Последно видео

Билтен

Претплатете се на нашиот билтен